Број на текстови објавени денес: 0

Генерал Ѓурчиновски е нов воен претставник на Македонија во НАТО

download811

Претседателот на државата и врховен команданат на вооружените сили, Ѓорге Иванов, го именуваше досегашниот командант на Здружената оперативна команда (ЗОК) при АРМ, генерал мајор Васко Ѓурчиновски, за висок воен претставник на Македонија во седништето на НАТО во Брисел.

Иванов, како што соопштија денеска од неговиот кабинет, со указ извшил нови поставувања на старешини на формациски места предвидени за старешини со генералски чин и на командни должности во ЗОК и во првата механизирана пешадиска бригада.

На местото на Ѓурчиновски, за нов командант на Здружената оперативна команда е поставен бригадниот генерал Зоран Милевски, досегашен командант на првата механизирана пешадиска бригада. На оваа командна позиција, пак, Иванов го постави неговиот актуелен аѓутант,