Број на текстови објавени денес: 70

Гвинет Палтроу му раскина на момчето за да го врати Крис Мартин

gwyneth-paltrow-brad-falchuk

Фронтменот на групата „Колдплеј“ Крис Мартин (39) и актерката ГвинетПалтроу (44) останаа во одлични односи по разводот. Заедно одеа на годишни одмори поради децата, ќерката Ејпл (12) и синот Мозес (10).

Крис Мартин во меѓувреме беше во врска со актерката Џенифер Лоренс (26), а сега е со актерката Анабел Велис (32), додека Гвинет, со надеж дека ќе го освои бившиот сопруг, го оставила продуцентот Бред Фалчук (45), со кого беше во врска две години. Фалчук, наводно, немал разбирање за трошењето на Гвинет на дизајнерска облека, честите годишни одмори ниту ги толерирал нејзините постојан диети и „чистење“ на организмот, коишто ги пропагира на својот блог.

– Откако Бред Фалчук одби да се појави на нејзината роденденска забава којашто ја организираше во Мексико, сфати колку ѝ недостасува Крис. Имаше тука и кавги и неверства, но тој беше нејзиниот единствен вистински партнер и сега го сака назад – рекол пријател на актерката.