Број на текстови објавени денес: 18

В среда отварање на изложбата „Out of Sight: Poverty, Rurality, Gender”

%d0%b8%d0%b7%d0%bb%d0%be%d0%b6

На 2 ноември со почеток во 12 часот во долното фоаје на МКЦ, Реактор-Истражување во акција во партнерство со Центарот за етика, право и применета филозофија од Србија (www.celap.edu.rs ) и Центарот за развој на заедници од Косово (www.crzmitrovica.com) официјално ќе ја отвори и претстави изложбата “Out of Sight: Poverty, Rurality, Gender”, која ќе биде основа за развој на регионална дискусија, размена на искуства и пракси поврзани со социјална вклученост на граѓаните, со посебен фокус на жени како ранлива категорија.

На официјалното отварање ќе се одржи панел на темата пристап до услуги за социјална заштита и социјални разлики кај маргинализираните категории во Македонија, на коj што свое излагање ќе имаат Билјана Дуковска-Македонска платформа против сиромаштијата, Марија Савовска-Акција Здруженска и Климентина Илијевски-Паблик.

“Out of Sight: Poverty, Rurality, Gender” е иновативна алатка и дополнително визуелно зајакнување на истражувањето на темата “Систем за социјална заштита и социјални разлики” кое го спроведоа CELAP и CRZ во рамки на РРПИ програмата. Главната цел на ова истражување беше да ги идентификува бариерите со кои се соочуваат луѓето од руралните средини при пристап до социјални услуги, со посебен фокус на жените како ранлива категорија.

Фотографиите се направени ширум домаќинствата во Србија и Косово го пренесуваат гласот на овие ранливи групи, дополнително говорејќи за немоќта, проблемите и бариерите со кои се соочуваат овие луѓе, нивната глад за подобар живот, повреденост и изолација, недоверба во светот кој го живеат, несигурноста во себе и во другите.