Број на текстови објавени денес: 70

В понеделник протест против загадувањето на воздухот

protest-zagaduvanje

В понеделник, во 17 часот, пред бараките на администрацијата на Град Скопје, неколку еколошки организации ќе организираат протест на кој ќе го истакнат револтот од енормното загадување на воздухот.

„Сакаме да го искажеме нашето незадоволство од релаксираноста и од незаинтересираноста на надлежните институции, а од Град Скопје и општините да побараме итни мерки, како и долгорочен план за решавање на оваа еколошка и здравствена катастрофа. Сите досегашни мерки и стратегии понудени од институциите и од Град Скопје не дадоа резултат. Потфрлија и нивните ветувања дека ќе се дознаат загадувачите, ќе се најдат причините, ќе се преземат сите неопходни законски мерки и граѓаните на Скопје ќе бидат поштедени од понатамошно труење. Скопје и понатаму неконтролирано се урбанизира, се промовира автоцентричниот пристап – автомобилите имаат првенство пред јавниот превоз, велосипедите и пешаците. Се затвораат очите на надлежните институции пред очигледното и документирано незаконско работење на скопските индустриски објекти, дивите депонии, како и домаќинствата кои во време на економска криза и ниска свест, користат крајно сомнителни суровини за загревање“, велат организаторите на протестот.

Протестот го организираат еколошките граѓански иницијативи „Скопје смог аларм“, „Скопје бара чист воздух“, „Ајде Македонија“, „Сакаме Аеродром да дише“, „Но пасаран“ и „Во одбрана на Дебар-маало“.

Изминатите неколку дена, ветерот и дождот целосно го намалија загадувањето на воздухот, но утринава во Скопје, Битола, Тетово, Велес и во Куманово има високо ниво на застапеност на канцерогените ПМ10-честички во воздухот. Во скопската општина Лисиче, мерната станица покажува многу високо ниво на аерозагадување