Број на текстови објавени денес: 70

Вработените од „Југохром“ на принуден одмор

slika-jugohrom

Месецов вработените од „Југохром“ ќе бидат на принуден одмор, соопштија денеска од синдикатот на комбинатот, објави Мета.

– Успеавме да издејствуваме од одборот на „Југохром“, работниците да бидат пратени на принуден одмор, односно ќе земаат 70 проценти од платата и ќе седат дома. За наредните месеци не се знае судбината на вработените, но ние ќе продолжиме да преговараме со раководството на комбинатот – изјави Бајрам Амити, претседател на синдикатот.

Тој додаде дека за наредниот период планираат да организираат протести, на кои ќе побараат фабриката повторно да се отвори.

– Ќе организираме протести и други видови притисоци за да смени одлуката на Министерствотото за животна средина, „Југохром“ да биде затворен. Во периодот што следува ќе се докаже дека „Југохром“ не е најголемиот загадувач на воздухот, кој ќе биде енормно загаден и покрај неработењето на нашата фабрика – изјави Амити.

„Југохром“ ги исклучи печките минатата недела откако Инспекторатот за животна средина донесе одлука за затворање на фабриката, поради пробивањето на двегодишниот рок за изградба на филтер-станица, кој истече на 31 октомври годинава.