Број на текстови објавени денес: 0

Во 12.05 протестен марш пред Министерството за здравство

protest27

Под мотото „Шизици, уживајте без ризици!“ во Македонија денеска започнува националната кампања за борба против ХИВ/СИДА, на Светскиот ден на борба против ова заболување, 1 Декември.

По тој повод Платформата за одржливост на сервисите за превенција и поддршка на ХИВ, денеска организира протестен марш, во 12:05 часот, од Министерството за здравство до плоштад „Македонија“.

Граѓанските организации и организациите од заедниците кои секојдневно нудат услуги за превенција и поддршка за ХИВ низ целата држава, заедно со корисниците на овие програми ХИВ предупредуваат дека политиката на власта со скратување на буџетот, ќе доведе до епидемија на ХИВ во земјавата.

Новиот буџет за ХИВ за 2017 година, велат здруженијата е скратен за 59% од неопходните средства којшто беа предвидени за превенција и за третман во следната година, кога и престанува финансиската поддршка на Глобалниот фонд којшто инвестира во националните стратегии на земјата од 2004.

Годинава има 33 ново заболени со ХИВ. Досега се регистрирани 275 заболени, од нив 80 починале.

Светската здравствена организаја информираше дека 40 проценти од заболените од ХИВ/СИДА во светот не знаат дека се болни.