Број на текстови објавени денес: 70

Во Њу Орлеанс еден убиен, осумина ранети

images-1360

Полицијата во Њу Орлеанс соопшти дека ноќеска во пукотница во Францускиот кварт, се застрелани 10 луѓе од кои еден човек им подлегнал на повредите и оти во тек е истрага.

Полицијата уапсила две лица. Застрелани се осум мажи и две жени, на возраст меѓу 20 и 37 години.

– Вкупно 10 луѓе се застрелани во ицидент во улицата Бурбон. Еден човек почина од последиците од раните здобиени од огнено оружје – објави полицијата во Њу Орлеанс на Твитер.