Број на текстови објавени денес: 0

Во Њујорк заблеска елката пред центарот „Рокфелер“ ФОТО

elkata

26 метри високата елка пред центарот „Рокфелер“ на Тајмс Сквер во Њујорк беше свечено осветлена во присуство на илјадници луѓе.

Елката е тешка 14 тона, а е украсена со 50.000 сијалички што ќе светат до 7 јануари 2017 година. Врвот на норвешката смрека е украсен со ѕвезда од кристали „Сваровски“.

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, го запалил божиќното осветлување. Безбедносните мерки по повод настанот биле на високо ниво, а на граѓаните на Њујорк им било забрането да носат чадори, големи торби и ранци.

Овој чин во центарот на Менхетн за многумина претставува симболичен почеток на празничната сезона. Оваа новогодишна традиција почна во 1931 година.


ФОТО: JULIE JACOBSON/AP


ФОТО: Ројтерс