Број на текстови објавени денес: 0

Во Србија во моментов престојуваат 6.500 мигранти

migranti-srbija

Во прифатните бегалски центри во Србија во моментот има 5.200 мигранти, а во диви кампови во парковите се сместени уште околу 1.300 лица, изјави српскиот комесар за бегалци и миграција Владимир Цуциќ за државната телевизија РТС.

Тој додаде дека до пред две недели од Србија во Унгарија преминувале по околу 810 мигранти месечно, а сега по околу 400.

– Голем број мигранти се надвор од центрите. Факт е дека многу момчиња повеќе пати се обидувале да ја минат границата, но се вратени, бидејќи не доаѓаат од земји во кои има војна, туку се економски мигранти, посочи Цуциќ.

Тој истакна дека на мигрантите кои се надвор од прифатните центри им помагаат меѓународните и српските невладини организации.

– Секој наш центар е отворен, нема да ги бркаме со сила мигрантите таму, истакна тој.

Цуциќ нагалси дека од средината на оваа година значително е намален бројот на уапсени шверцери на луѓе, потенцирајќи дека во Србија се покренати најголем број обвинение против овие лица.

– Европа треба да се заштити од неконтролираниот прилив на мигранти на српско-бугарската и на бугарско-турската граница, заклучи Цуциќ.