Број на текстови објавени денес: 65

Во руските гаражи има сè, освен автомобили

garazi

Во Русија, гаражите најчесто се користат како работилници на црно во кои се произвдеува скоро сè.

Скоро 40 отсто од работоспособното население во Русија работи илегално во гаражите, објавува Дојче Веле.

Во ваквите работилници може да се најдат луѓе со секаков работен профил, не само автомеханичари, туку има и кројачи, сликари, дизајнери на мебел, забари, подесувачи на клавири, па имало дури и адвокати чии канцеларии се во гаражи.

Во местата со гаражи кои се користат како работилници владее капитализам во неговата најдива форма под паролата: „што работам јас зад својата врата, тоа државата не треба да ја интересира“.