Број на текстови објавени денес: 0

Во Полска повторна истрага за авионската несреќа во Смоленск

download-3301

Во Полска денеска почна нова истрага за авионската несреќа впо Смолемск од 2010 година со ексхумација на телото на поранешниот претседател Лех Качински.

Обвинителството соопшти дека Качински е првата жртва чие останки ќе бидет ексхумирани од гробот во Краков поради истрагата за авионската несреќа, што ќе трае повеќе од една година.

Авионот на Качински се урна на 10 април 2010 година додека се обидуваше да слета во Смоленск, Русија. Во авионската несреќа загинаа сите 96 патници и членови на екипажот, вклучитечно и претседателот Качински и десетици полски политичари и воени претставници.

Конзервативно-националистичката Влада на Полска се сомнева дека авионската несреќа е резултат на човечка грешка и поради тоа е обновена истрагата.

Неколку членови на семејствата на жртвите напишаа отворено писмо во кое се изјаснуваат против ексхумациите.