Број на текстови објавени денес: 62

Во пожар изгоре спрат од куќа во Штип

2514

Засега е непознато која е причината за избувнување на пожарот, во кој изгоре спрат од куќа. Пожарот прво го забележале и пријавиле соседите, вели командирот на штипската ТППЕ, Благој Ренџов. За среќа во пожарот нема повредени.

– Утрово околу 8.45 часот пријавен е пожар на улицата број 21. На лице место се испратени 2 противпожарни возила и седумина пожарникари. Опожарен е спрат од куќа. Пожарот е локализиран и целосно изгаснат. Предизвикана е материјална штета, чија што висина ќе ја утврдуваат надлежните органи – вели Ренџов.

Според изјавите на соседите, најверојатно причина на пожарот,е неисправно грејно тело, објави Канал 77.