Број на текстови објавени денес: 49

Во петок на полноќ истекува рокот за доставување на пратеничките листи

DIK

Политичките партии и независните кандидати до петок на полноќ ќе треба да ги достават листите на кандидати за пратеници.

Според календарот на Државната изборна комисија на 11 ноември на полноќ истекува рокот за пријавување. До тогаш ќе трае и увидот во Избирачкиот список, до кога за гласање.

Досега само СДСМ ги утврди комплетните кандидатски листи, а од ДПА информираа за носителите на пратеничките листи.

Изборната кампања почнува на 21 ноември и ќе трае до 9 декември. Предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 декември.