Број на текстови објавени денес: 0

Во Москва властите ја затворија канцеларијата на Амнести интернешнал

amnesty-international2

Градската власт во Москва ноќеска ја затвори канцеларијата на невладината организација за човекови права Амнести интернешнал.

Диркеторот на канцеларијата Сергеј Никитин изјави дека вработените кога утрото дошле на работа затекнале сменета брава со залепена етикета и лого на градските власти.

Според него, таа организација ги изнајмувала тие простории во изминатите 20 години.

Организации за човекови права во Русија се жалат во изминатите години на притисоци вклучително и закани за членови и контроверзни закони со кои се утврдува работата на невладините организации.

Московската служба за имотни прашања наведува дека испраќале пишани предупредувања до АИ дека доцнат со плаќање наемнина, додека АИ тврди дека имаат докази за навремени исплати и оти наводите на властите се „бизарни тврдења што не се точни“.