Број на текстови објавени денес: 65

Во Мозамбик при кражба на гориво камион експлодирал, најмалку 73 загинати

screenshot_1

Најмалку 73 луѓе загинаа и неколкумина се повредени во Мозамбик откако се обиделе да извлечат гориво од превртена цистерна што експлодирала.

Властите во таа африканска држава соопштија дека камионот-цистерна превезувал гориво од пристанишниот град Беира во соседната држава Малави и бил близу границата кога се случила несреќата.

Мозамбик е една од најсиромашните држави во светот и постојано се бори со недостиг од храна.