Број на текстови објавени денес: 0

Во Маврово ноќеска минус 7 степени

mavrovo(1)(1)

Маврово, Берово, Крушево, Ѓуриште, Тополчани, Крива Паланка, Лазарополе и Пожаране утрово имаа температури под нулата.

Во Маврово, како што информира УХМР, се измерени минус 7 степени, во Берово -5, во Крушево – 4, Ѓуриште и Тополчани -3, Крива Паланка, Лазарополе и Пожаране -2, во Штип, Виница, Струмица, Прилеп и Куманово нула, во Скопје, Битола, Охрид, Претор и Дебар еден, Тетово 2, Демир Капија 3, Дојран 4 и Гевгелија 5.

Во текот на ноќта зголемена облачност имаше на крајот од ноќта на запад и северозапад. Утрово е претежно сончево на југоистокот од земјата. На повисоките места и вдолж Повардарието дува умерен северен ветер.