Број на текстови објавени денес: 0

Во крајно неизвесен натпревар Карлсен ја одбрани титулата на светски шампион во шах

%d1%88%d0%b0%d1%85-%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%bb%d1%81%d0%b5%d0%bd-%d0%bf%d0%b5%d0%b2%d0%b0%d0%ba-%d1%81%d0%b2%d0%b5%d1%82

Двократниот светски шампион во шах, Магнус Карлсен ја освои третата титула минатата ноќ, кога го победи рускиот велемајстор Сергеј Карјакин по три недели на играње шах на Светското првенство во шах што се одржа во Њујорк.. Многумина овој меч ги потсети на Студената војна, поради сегашните несогласувања меѓу Истокот и Западот.

Норвешкиот велемајстор Магнус Карлсен ја одбрани титулата на светски шампион во шах, откако последниот ден во четири натпревари во брз шах беше поуспешен од предизвикувачот, Русот Сергеј Карјакин.

Карлсен во мини натпреварот во кој играчите имаа по 25 минути за размислување победи со 3:1, откако доби две партии, а две беа завршени реми.

Дуелот за титулата се играше во 12 натпревари и заврши 6: 6. По седум реми партии Карјакин победи во осмата, но Карлсен успеа да изедначи во десеттата, а во последните две немаше победник, па одлуката кој ќе биде светски шампион падна во „шаховскиот рулет“.

Карлсен тука беше фаворит, бидејќи е шампион на светот во брз шах, и тоа го докажа.

Одлуката кој ќе биде шампион падна во третата партија од брзниот шах, кога Карјакин во недостиг на време направи неверојатен превид и еден очајно лош потег го чинеше можеби и шампионската титула. По поразот во третата партија рускиот велемајстор во четвртата заигра хазардерски, но од почетокот немаше вистински план и брзо влезе во послаба, а потоа и во загубена позиција, за да дозволи Карлсен на крајот ефектно да го стави во мат позиција. Така напреварот за титулата заврши очекувано со победа на светскиот шампион.

Со оваа победа Карлсен си даде најдобар подарок за 26-от роденден, која го слави денеска.

Организаторите рекоа дека дури 6 милиони луѓе го прателе овој неизвесен и возбудлив меч ширум светот, што е слично на игра на смртта во фудбалот. Никој да не победеше, натпреварот ќе влезеше во фаза на Армагедон која трае помалку од 10 минути.

Сличен на овој меч, на работ на нервите, беше одигран во 1972 кога американскиот шахист Боби Фишер го победи својот руски колега Борис Спаски на шаховското првенство во Исланд.