Број на текстови објавени денес: 62

Во Грција намален бројот на државни службеници

%d0%b3%d1%80%d1%86%d1%98%d0%b02

Бројот на државни службеници во Грција е намален за 369 илјади, објавија грчки медиуми. Намалувањето е регистрирано во периодот од 2011 година досега.

Според податоци на најголемиот синдикат на државни службеници, пред пет години имало 936 илјади вработени во државната управа, а во моментот има 567 илјади.

Според синдикатот постои недостиг од персонал во важни државни сектори. Од Федерацијата бараат вработување во секторите здравство, образование и општествени услуги. Синдикатот подготвува штрајк за 24 ноември, наведуваат медиумите во Грција.