Број на текстови објавени денес: 0

Во Брисел продолжуваат преговорите помеѓу Приштина и Белград

brisel

Директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ ќе ја предводи делегацијата од Белград во новата рунда преговори со Приштина, која ќе започне денеска во Брисел, јави Танјуг.

Темите за кои ќе се разговара ќе бидат спогодбата за Заедницата на српските општини, правосудството, телекомуникациите и слободата на движење. Разговорите е предвидено да траат до среда, стои во соопштението.

Во српската делегација има и претставници од институциите надлежни во тие области.