Број на текстови објавени денес: 0

Во Белата куќа со Меланија влегува и една Србинка ФОТО

111903_reuter02-reuter-mike-segar_ff

Една од најуспешните креаторки на светот е дамата родена и порасната во Белград, на чиишто фустани не можат да оддолеат ниту најголемите светски ѕвезди, па така новата прва дама на Америка денот кога нејзиниот сопруг го избраа за претседател на САД, одбра токму нејзино ремек-дело.

Во изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп владеело добро расположение, но и гламур каков што обично се гледа на црвениот тепих, пишува српски „Стори“.

Додека новиот американски претседател бил облечен во боите на американското знаме: носел син костум, бела кошула и црвена вратоврска, неговаата сопруга Меланија изгледала како најубава холивудска актерка, Причината за тоа е изборот на креацијата што ја потпишува Роксанда Илинчиќ, една од најпопуларните креаторка во светот на славните.

Меланија блескала во елегантен комбинезон во бела боја, кој совршено ѝ стоел.

Сите светски медиуми ја пренесоа веста за овој феноменален моден избор и ја пофалија фантазијта на српската дизајнерка.
Фустанот, со потпис токму на Роксанда Илинчиќ, што го носеше Меланија Трамп кога држеше говор на Републиканската национална конвенција чини 2.190 долари, а бил распродаден за миг, откако првата дама на САД се појави во него.

Кејт Мидлтон, исто така, е голема обожавателка на креациите на Роксанда, па често може да се види на официјални настани како е облечена во прекрасните фустани на српската дизајнерка. Меѓу обожавателките на Роксанда се наоѓа и до неодамнешната прва дама на Америка Мишел Обама, како и сопругата на поранешниот премиер на Британија, Саманта Камерон,