Број на текстови објавени денес: 86

Во Бари заплени над 1,5 тони марихуана пристигната од Албанија

download-1587

Италијанската полиција, во пристанишниот град Бари запленила 1.550 килограми марихуана прошверцувана од Албанија.

Во акцијата уапсени се и тројца албански државјани на возраст од 26, 34 и 42 години.

Дрогата била натоварена на моторен чамец.

По добиените информации,албанската полиција во Валона и Фиер води истрага за иденификација и апсење на други лица инволирани во таа криминална активност.

Во три одделени акции,пак, албанската полиција, запленила 320 килограми марихуана,од нив 206 килограми оставени во близина на островот Зврнес, додека останатата количина во Валона и Тирана.