Број на текстови објавени денес: 0

Во банките има речиси 5 милијарди евра

evra_9

Банкарскиот секотр е стабилен и има умерен пораст на депозитите, како и тенденција за нови поисплатливи кредити, беше потенцирано на денешниот Ден на штедењето.

Според податоците што беа презентирани, во банките има речиси 5 милијарди евра, пари од граѓаните и од компаниите. Притоа, денарските депозити се околу 2,8 милијарди евра и од почетокот на годинава бележат пад од 1,4 проценти, додека девизните депозити се околу две милијарди евра и бележат раст од 4,5 проценти.

Намалувањето на денарските депозити банкарите го објаснуваат со априлскиот тренд, кога голем дел од граѓаните ги повлекоа денарите, стравувајќи од девалвација, но потенцираат дека постепено денарското штедење пак се зголемува.

– Вкупното умерено зголемување на депозитите во банките укажува на економско заживување – оцени Коста Митрески, претседател на Здружението на банкарство.

Милица Арнаудова Стојановска од Народна банка им порача на банкарите дека тие се тука за своите клиенти, а не обратно и побара уште повисоки стандарди во банкарството.

– Околу една половина од секој кредит, од секое купување на хартии од вредност, од секој пласман во странство, се финансира од заштедите на граѓаните – рече Арнаудова.