Број на текстови објавени денес: 0

Возач во српската влада добил отказ откако ги одбил повиците од шефицата за в кревeт

vozac1

Функционерка од српската влада сексуално го вознемирувала својот возач, кој упорно ги одбивал нејзините понуди за секс. По одбивањето, несреќниот маж добил отказ.Тие двајца биле исклучително блиски и тој постојано ја возел,а потоа таа лудо се вљубила во него, почнала отворено да му се додворува и се обидела да го намами во кревет. Дури сакала и сексуален однос во службениот автомобил.

Сепак, возачот во Владата на Србија не одговорил како што сакала таа и во повеќе наврати ја одбил, што неа воопшто не и се допаднало, вели извор од владата. Според неговите зборови возачот постојано смислувал изговори,а функционерката продолжила да го напаствува.

Кога видел дека работата излегла од контрола, несреќниот возач се обратил до кадровскат служба на Владата и побарал преместување од приватни причини. Меѓутоа, кога тоа дошло до неговата шефица, таа збеснала, го стопирала неговото преместување и му „средила“ отказ. За да ја затскрие аферата и за да се заштити себе си од тужби за сексуално вознемирување, функционерката го обвинила возачот дека крадел гориво, поради што автоматски останал без работа!