Број на текстови објавени денес: 60

Возачот на австрискиот канцелар сам се пријавил за кршење на сообраќајните прописи

%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d1%86%d0%b5%d0%bb%d0%b0%d1%80

Откако на интернет се појави видео снимка која наводно докажува дека возачот на австрискиот канцелар Кристијан Керн возел пребрзо, возачот сам се пријавил во полиција. Мерцедесот што го користи канцеларот наводно се движел со брзина од  преку 140 километри на час, во зона со ограничување од 80 километри на час. Снимката што треба да го докаже престапот е објавена на повеќе сајтови, по што кнцеларот Kерн најавил дека возачот сам ќе се пријави во полициjа за кршење на сообраќајните прописи.

На снимката се гледа возилото во придружба на уште едно возило „волксваген“, додека се движат во услови na дождливо време кога возењето е ограничено на 80, а тие се движеле со брзина од 148 километри на час. На денот кога била направена снимката, а тоа било 4 октомври, Канцеларот бил во Грац на конференција. Од неговиот кабинет е соопштено дека целиот настан интерно се анализира, бидејќи на снимката се затемнети регистарските таблички на возилото.

Сите политичари во Австрија, вклучувајќи го и канцеларот, имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните прописи, а само во вонредни ситуации може да ги кршат правилата.