Број на текстови објавени денес: 0

ВМРО-ДПМНЕ прва, Левица последна на кандидатските листи

%d0%bc%d0%b8%d0%bc

Државната изборна комисија (ДИК) денеска спроведе ждребување за редоследот на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Прва на листата ќе биде ВМРО-ДПМНЕ, ДПА под број 2, СДСМ – 4, ДУИ се трети, според редоследот од ждребувањето.

Со реден број 6 ќе биде ПДП, Коалицијата на за прoмени и правда ќе биде под број 5, Либерална партија 8, Левица 11, Беса 10, Алијанса за Албанците 7 и ВМРО за Македонија 9.

Граѓаните на 11 декември ќе избираат меѓу кандидатите на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, опозициската коалиција предводена од СДСМ, Коалицијата за промени и правда, Коалицијата ВМРО за Македонија и Коалицијата „Алијанса за Албанците“ која ја сочинуваат Движењето за реформи – ДПА, УНИТЕТИ и НДР, како и партииите ДУИ, ДПА, ПДП, ЛП, Левица и Беса.

Во понеделник почнува изборна кампања за предвремени избори, која ќе заврши на 9 декември.