Број на текстови објавени денес: 0

ВМРО-ДПМНЕ испраќа последна опомена до административците – пола плата како донација

vmro-donacii

Административците од Крива Паланка добиле смс-порака во која од нив се бара денеска или најдоцна до утре на партиската изборна сметка на Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ да уплатат половина плата како донација.

„На сметката треба да бидат префрлени 50 отсто од вашата плата или надоместок, а потврдата за уплатата доставете ја во штабот“, се вели во пораката која во редакцијата на Плусинфо ја прати читател од Крива Паланка.