Број на текстови објавени денес: 0

Власта казнува со 60 евра родители на првоодделенци во Прилеп ВИДЕО

%d0%bf%d0%b5%d1%82%d1%80%d0%b0

Покрај секојдневните притисоци на наставниците, власта започна со изрекување парични казни и за родителите во Прилеп, обвини денеска Петра Лукароска, член на комисијата за образование при СДСМ Прилеп.

Државниот просветен инспекторат прекршочно ги гони родителите кои наместо своите деца да ги запишат во ООУ „Добре Јованоски“, тие ги запишале во друго реонско основно училиште во Прилеп.

„Училиштата кои примиле деца од друг реон, а не ги известиле родителите дека тоа наводно е противзаконски, не сносат никаква одговорност. Казнените налози, сите во висина од по 60 евра, пристигнале на домашни адреси на родителите во обични писма со штембил од ООУ „Добре Јованоски“. Директор на ова основно училиште е Виолета Лашкоска, мајка на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ана Лашкоска. Во истото училиште вработени се и регионалниот претседател на СОНК и член на ДПМНЕ, Златко Думбалоски, како и неговата сопруга Верица Думбалоска – вели Лукароска.

Како врв на безобразноста, нагласув а таа, е што казнените налози се без печат од Државниот просветен инспекторат и без право на приговор.

Лукароска рече дека СДСМ Прилеп нуди бесплатна правна помош за казнетите родители.