Број на текстови објавени денес: 46

Владата како и партијата – да не се ширеле дезинформации за Диме Спасов!

dime-spasov3

Институциите кои имаат надлежност на темата, треба да ги завршат своите дејствија за потоа да заземеме став за случајот. До тогаш апелираме на воздржување од дезинформации и погрешни толкувања, имаме целосно внимание на темата, се вели во одговорот што го добивме од Владата на прашањето дали дополнителниот заменик министер Диме Спасов ќе биде разрешeн од функцијата поради инцидентот што се случи во петокот.

Спасов со службено возило „туарег“, удри во неколку паркирани возила, а потоа, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, избега од местото на настанот.

Во Агенцијата за вработување прашавме зошто ова возило го користел Спасов, но оттаму иако дадоа ветување дека ќе достават писмен одговор, до овој момент нека никакво објаснување.

Како што дознаваме од извори во истрагата, нема никаква дилема дека возилото било доделено на Агенцијата за вработување, па веројатно на директор Владо Поповски му треба време да смисли оправдување зошто возилото го користел фунционер од друга државна институција.

Денеска од СВР Скопје нема одговор на прашањето зошто Спасов избегал од местото на несреќата и зошто во полиција се појавил да даде изјава речиси после 24 часа откако се случил инцидентот.

– Истрагата е во тек, се прибират сите потребни докази, кога ќе се комплетира случајот ќе излеземе со став – велат од СВР Скопје.

Кога ќе се случи тоа, не може да кажат.