Број на текстови објавени денес: 62

Вирусот на птичји грип откриен кај мртов лебед во Романија

%d0%b2%d0%b8%d1%80%d1%83%d1%81-%d0%bf%d1%82%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8-%d0%b3%d1%80%d0%b8%d0%bf

Романската санитарно-ветеринарна служба објави зајакнати контролни мерки во пристанишниот град Констанца, откако во останките на угинат лебед е откриен вирусот на птичји грип.

– Беа земени примероци од угинатиот лебед најден во Костанца, а со тестови беше утврено дека станува збор за вирусот Х5Н8, односно птичји грип, изјави заменикот раководител на службата Михај Поња.

Тој додаде дека регионот во следниот перидот ќе биде набљудуван, како и дека таму ќе бидат воведени строги мерки за биолошка безбедност.

Исто така, ќе се изврши и проверка во сите стопанства, птичји фарми и пазари во регионот.

Романија ги зајакна контролните мерки минатата недела, откако унгарските власти наредија уништување на сите птици во реоните во кои беа утврдени жариштата на птичји грип во две населени места во јужна Унгарија.