Број на текстови објавени денес: 65

ВИДЕО-Спасовски: Спасовски: Нема да заминувате по ризичните земји, ќе обезбедиме живот во Македонија

1
Куманово е еден од градовите кој е целосно заборавен од власта. Како што гледате, голем број ветувања на власта остануваат празни ветувања, што е заштитен знак на власта во заминување.
Еден од најголемите проблеми во овој град а воопшто и во Република Македонија и во целосната изборна единица 2, е масовно иселување на граѓаните, а особено на младите луѓе. Многу млади луѓе заминаа во далечните и ризични земји како Ирак и Авганистан и многу семејства живеат разделени. Многу родители се одвоени од своите деца, само да обезбедат подобра егзистенција. Токму затоа решавањето на проблемот со иселувањето е најважна точка во нашиот План за живот во Македонија.
За таа цел подготвивме низа сериозни мерки, кои во голема мера ќе го спречат масовниот одлив на младите и способни кадри. Се  обврзуваме дека просечната плата во Република Македонија ќе изнесува 30 илјади денари. Тоа ќе бидат 60 илјади денари месечно за семејство со двајца вработени и сума која што може да дозволи пристоен семеен живот.
За најкреативните решенија за младите луѓе ќе обезбедиме неповратни средства во висина од 10 илјади евра за да можат да отворат сопствена фирма. Ќе создадеме старт- ап центри кадешто младите со нивните бизниси ќе можат да користат бесплатни простории и да добиваат бесплатна сметководствена и правна поддршка. Ќе овозможиме отворање на сопствена фирма со само едно евро основачки влог. Ова се само еден дел од мерките со коишто ќе го запреме иселувањето и ќе овозможиме достоен живот за сите со цел младите да останат тука, во Куманово, и во Република Македонија. Сето ова може да се постигне доколку се работи одговорно и домаќински, а ние се обврзуваме дека ќе имаме одговорна влада којашто ќе работи домаќински и во интерес на граѓаните на Република Македонија. Убеден сум дека граѓаните ќе ги препознаат овие вредности и нашата заложба и дека ќе изберат живот во Република Македонија.