Број на текстови објавени денес: 70

(ВИДЕО) Загинал одејќи на митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, телото му го оставиле на пат

148008659660989-11-735x400

Загнал на митинг на ВМРО ДПМНЕ со организиран превоз и загинал, а сопартииците го оставиле на улица неговото безживотно тело и продолжиле на за Охрид.

Делува морбидно, но оваа случка кај село Колари е вистината, вели за 24 Вести братот на загинатиот Седад Асановски.

Несреќниот 40 годишен човек загинал откако на паузата која ја дал возачот на автобусот го удрило возило.

Веќе четврти ден како неговото семејство се обидува да дознае што точно се случило во понеделникот на 21 и објаснуваат дека никој од претставниците на партиите ниту институциите не дошол да ги праша за случајот или пак да им понуди било каква помош.

„Таа вечер, еден негов пријател го викнал друштво да му прави за митинхот во Охрид, возел автобус од Шутка, не знам од каде тргнал. Застанале на Стража и не знам дали автобусот бил виновен или комбето на недобро место паркирано. Тој преминал да изврши нужда и наишло комбето и го удрило и на место бил мрттов. Од страна на власта не дошол никој да ни изјави сочувство. Тоа е срамота. Стока да се утепа па треба да се извести“ – вели Бари Асановски Брат на починатитот Седад.

Не се знае ниту колку време безживотно тело било оставено на патот.

Асановски објаснува дека институциите од нив не побарале ниту дозвола за обдукцијата која била направена. Биле во огромен шок и неверување кога телото на Седад било донесено во нивниот дом.

„Без никаков потпис, била извршена обдукција. Тој ден доцна дојдов дома, фамилијата беше под стрес, тоа беше голем шок. Тоа е проблемот што немаме од држава никаква информација“ – вели Бари Асановски.

МВР на 21 во својот билтен информираше за случајот но не беше споменато каде патувал Асановски, и дека всушност станувало збор за групен превоз.

Околу 18 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево се случила сообраќајна незгода во која Н.С (52) од Тетово, управувајќи „Мерцедес“ со скопски ознаки, удрил во пешакот С.А. (40) од Скопје. Во незгодата, пешакот починал на самото место.

Увид извршил и Јавен обвинител. Од Јавното обвинителство не добивме став. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека не се запознаени со овој случај, но доколку навистина е така бараат МВР и Јавното обвинителство да го расчистат.

Соседите објаснуваат дека семејството Асановски се вредни и добри луѓе. Седад оставил два сина и сопруга а неговото тело било погребано во средата во Батинци.