Број на текстови објавени денес: 13

(ВИДЕО)Шилегов Жителите на Тетовско го подржуваат Планот за повисоки плати и развој на земјоделството.

petre-shilegov-vo-sarakino-00_00_04_00-still002

Се наоѓаме во с. Сараќино, полошко, тетовско. Овде разговараме, со жителите на ова село, за проблемите кои што ги тиштат.  И проблемите се исти како и секаде во нашата држава. Тоа се малите плати, малите примања и масовното иселување на младите од нашата држава.

 

Дојдовме да го претставиме Планот за животот во Македонија и да позборуваме за минималната плата која ќе изнесува 16.000 денари и просечната плата во висина од 30.000 денари. Конечно да го вратиме човекот во фокусот на вниманието на државата, а не да се богатат определени индивидуи, определена фамилија за сметка на сите граѓани.

 

Во овој земјоделско-сточарски крај разговараме за висината на субвенциите кои што државата е должна да ги даде на земјоделците. Тие изнесуваат на вкупно годишно ниво 160 милиони евра, меѓутоа и за сестраната помош која што со Владата на Социјалдемократскиот сојуз ќе ја даде особено на младите луѓе коишто се определени да се занимаваат со земјоделие или пак со сточарство. Субвенции во висина од 20 % за секој нов хектар, субвенции во висина до четири и пол денари за високо квалитетно млеко. Начин на кој ќе се дојде до производство на високо квалитетно млеко. Субвенции значи за набавка на стадото и за храната со која ќе се храни стоката за да произведе таков тип на млеко.

 

После 11 години конечно им текна и ним нешто да ветуваат, после 11 години тие нема што да ветат, после 11 години мора да си заминат. Македонија мора да ја вратиме во рацете на граѓаните, човекот да го ставиме во центарот на вниманието, Никола Груевски нема повеќе што да нуди и никому што да ветува.

 

Во Македонија ќе изградиме едно општество, ова село е со мешан етнички состав и овдека наидуваме на прием од сите луѓе, затоа што зборуваме за проблемите на луѓето.

 

На луѓето им е доста од поделби. Македонија не може, не смее, не треба да се дели. Македонија мора да биде единствена, јака, цврста, европска, модерна држава.