Број на текстови објавени денес: 62

(ВИДЕО)ЗОРАН ЗАЕВ ,Се определивме да склучиме сојуз со граѓаните.

%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2
  • Се определивме да склучиме сојуз со граѓаните.
    При склучувањето на ваквиот сојуз веќе ги разгледавме сите овие аспекти на граѓанските организации за којшто веќе подолг период, би рекол со години се борат да ги направат инклузивни во ова наше општество и конечно да натераaт Владата да влезе во нивна реализација, за жал до денеска тоа што се сллучува е сосема спротивно од сите овие очекувања, бројките растат, социјалната кохезија неможеме да ја видиме на ниедна страна го изгубивме она што нашиот Устав го предвидува, а тоа е Македонија е социјална држава се повеќе и повеќе се оддалечуваме од таквите аспекти.
    Затоа како што пропишува нашиот Устав дека сме социјална држава конечно треба да направиме одредени чекори за да ги решиме сите овие социјални аспекти во којшто верувам дека непреокупираат сите и ни создаваат тегобии, амбиент неприсотоен во којшто сите живееме, а тоа го гледаме секако со сите оние дечиња којшто просат на улица, спијат под мостови, сета оваа сиромаштија којашто хара по Македонија.
    Она за кое што денеска ставаме потпис и даваме збор, односно обврска дека ќе го реализираме веднаш после овие 13 дена којшто остануваат до изборите е нашето ветување за социјалната држава и социјаланата политика, воопшто, но секако економијата и посебно освртот на земјоделството за кое што се зборуваше.
    Ветувањата којшто ги испорачуваме е дека социјалната помош никогаш повеќе нема да биде 2.000, 3.000 или 4.000 денари, 12.000 денари е минимален праг со којшто може едно семејство, минимум да закрпи достоинствен живот. Секое семејство коешто нема никакви приходи по никаков друг основ, државата ќе даде 12.000 денари социјална помош, на она семејство кое што има некаков приход ќе му надополни до 12.000 денари, социјална помош и ако сака државата навистина да нема многу илјадници бројки на семејства којшто дава по 12.000 денари, на  вистински начин ќе се впрегне да им обезбеди пристојна работа и на соодветен
    траен приход за сите тие семејства, искрено обидувајќи се и да ја намали вкупната бројка на социјална помош, но секако и да паднат вкупниот број на тие семејства.
    Истовремено работата која што ја обавуваат најсиромашните во секторите којшто се доминантни, а тоа е текстилот и кожарската индустрија, конечно мораме да ја смениме таа минимална плата, минималната плата ќе биде до крајот на нашиот мандат до 16.000 денари, којашто се обезбедува достоинствен живот, просечната плата во Македонија ќе стигне до 30.000 денари, или 1.000 евра за брачен пар којшто секако негуваат дечиња и ќе обезбеди достоинствен живот за сите.
    Истовремено она кое што е многу важно за сите нас е економскиот севкупен аспект на живот во граѓаните 140 милиони евра за еден мандат ќе испорачаме пари за поддршка на домашниот сектор, но не во интерес на бизнис или капитал секторот туку точно за работниците заради подигањето на просечната плата во приватниот сектор, и секако отворање на работни места, младите ќе ги добијат трите аспекти на познатата младинска гаранција која што ЕУ веќе ја применува, а тоа е веднаш во рок од 4 месеци да добијат понуда од три алтернативи, работа, дообразование, или практична едукација и тренинг на самите млади луѓе, конечна цел мора да ни биде младите да најдат веднаш работа, да бидат она кое што претставува навистина во нашите зборови трајно добро за кое што вреди секое општество да се насочи со сите свои капацитети.