Број на текстови објавени денес: 60

„Вечерње новости“: Терористичкиот напад во Црна Гора го подготвувале Руси

crna-gora-spec-obvinitel

Терористичкиот напад на денот на изборите во Црна Гора се обиделе да го организираат руски националисти, а во тоа имале помош од лица од Србија и Црна Гора, со цел насилно да ја урнат и променат власта и со желба да ја запрат земјата на нејзиниот евроатлантски пат и посебно да го запрат нејзиниот влез во НАТО, изјави во Подгорица специјалниот обвинител на Црна Гора, Миливоје Катниќ.

Според него, организаторот на акцијата на членовите на криминалната група „им издал јасна наредба за ликвидација на премиерот на Црна Гора“, наведува „Вечерње новости“.

Обвинителството има доволно докази дека една политичка партија од Црна Гора е осомничена оти стои зад планираниот напад. Која е таа партија не се открива, но познато е дека во реализацијата на криминалните активности активно требало да учествува и еден политичар.

– Постои основано сомнение дека станува збор за една политичка структура и постои основано сомнение дека едно лице од таа политичка структура, кое требало да се качи на бина во 23 часот, требало да го преземе раководењето, односно заповедувањето со целата оваа структура, значи политичари, терористи и граѓани, односно да организира и нареди насилен влез во Собранието, рече главниот специјален обвинител.

Пописот на планирани криминални активности на групата, според тоа што Катниќ го наведе, бил подолг, а се завршувал со план за ликвидација.

– Имало план да се пронајдат лица кои се добри стрелци и премиерот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ да го лишат од животот, истакна Катниќ.

Кантиќ објасни дека заради планот на групата која требало да брои и до 500 членови, не се исклучува можноста за апсење и на црногорски државјани. Веќе постојат сознанија за тоа кои се тие, но се уште се работи на собирањето на сигурни докази.