Број на текстови објавени денес: 0

Вечерва најзагаден град е Битола

bi

Вечерва во Скопје, најзагаден е воздухот во скопската населба Лисиче, каде загадувањето е за 5 пати повисоко од максимално дозволеното, односно надминува 250 микрограми ПМ10 честички на метар кубен воздух.

Сепак, рекордер е Битола, каде загадувањето е скоро 7 пати над максимално дозволената точка и изнесува 332 микрограми ПМ0 честички на метар кубен.

Околу 4 пати над дозволеното е загадувањето во Центар, Карпош, Гази Баба и кај Бит Пазар.

Загадувањето во Тетово е над 220 микрограми ПМ10 честички на метар кубен, и покрај тоа што не работи „Југохром“, објави Прес 24.