Број на текстови објавени денес: 0

Васко Ковачевски, СДСМ: Парите ќе ги насочиме кон граѓаните! (ВИДЕО)

vasko-30-11

Интегрален текст од денешната прес-конференцијата одржана на претседателот на СДСМ Битола и кандидат за пратеник – Васко Ковачевски.

Почитувани граѓани,

Преку зголемени трошоци за живот и сурова казнена политика, во изминативе 10 години ВМРО ДПМНЕ безобразно им ги зеде парите на граѓаните. И додека мала група на луѓе блиски до актуелната власт водат раскошен живот, граѓаните секојдневно се повеќе и повеќе осиромашуваат.

За нас секој е важен!

Основна заложба на СДСМ и коалицијата после 11-ти декември ќе биде парите да им се вратат на граѓаните. Затоа во нашата изборна програма, План за живот, предвидуваме зголемување на просечната плата до 30.000 денари, а минималната плата до крајот на мандатот ќе биде 16.000 денари. Ќе ја зголемиме социјалната помош и секое социјално семејство ќе добива најмалку по 12.000 денари месечно, а доколку некое семејство има помали приходи од 12.000 денари, ќе ја исплаќаме разликата.

Два пати годишно ќе ги зголемуваме пензиите, согласно зголемувањето на трошоците за живот. Од сите фискални сметки на граѓаните на крајот на годината ќе им се враќа 15% од ДДВ, тоа значи дополнителен прилив за семејниот буџет. Ќе ја укинеме радиодифузната такса, а ќе ја вратиме и евтината тарифа на струја.

Со овие и уште низа вакви и слични мерки, новата влада предводена од СДСМ ќе обезбеди повеќе пари за секое семејство. Целта е да се создадат подобри услови за живот на граѓаните, да го вратиме животот во Битола, да го вратиме животот во Македонија.