Број на текстови објавени денес: 70

Вардар тече, ама отпадот не му се менува (ФОТО)

vardar11

Реката Вардар денеска во центарот на Скопје ја извади на површина лошата навика на граѓаните отпадот да го фрлаат каде што ќе стасаат, а најчесто во близина на реките.

Куп пластични шишиња наместо во контејнерите за рециклирање плутаат по површината на водата и му пркосат на сјајот на кичот кој блеска од сите страни на плоштадот „Македонија“.

Неодамна од реката Вардар во центарот на Скопје беше извадено мртво тело на крава.

Фото: Плусинфо