Број на текстови објавени денес: 65

Бугарски автобус усмрти пешак на патот Крива Паланка-Куманово

images-479

Автобус со софиски регистерски ознаки, синоќа околу 20 часот, на магистралата Крива Паланка-Куманово удрил и го прегазил пешакот М.Г. (1963) од кривопаланечкото село Гиновци. Полицијата извести дека возачот на автобусот С.С. (1978) од Софија е задржан во станица и се чека одлуката на судија во претходна постапка дал ќе му одреди притвор. По наредба на јавен обвинител телото на покојниот е однесено за обдукција.