Број на текстови објавени денес: 65

Британците бесни: Еве која актерка ќе ја игра Кејт Мидлтон во новиот филм! ФОТО

92875209f4e02eb52e8806acea3bc9dd

Британската актерка Шарлот Рајли е избрана да го толкува ликот на војводката од Кембриџ во новиот филм „Кралот Чарлс Трети“, кој ќе биде направен по истоимената претстава.

Имено, дејствието на претставата е сместено во иднината, по смртта на кралицата Елизабета Втора, а освен интересното сценарио, британската публика најмногу ја интересирала актерската екипа.

Шарлот Рајли, сопругата на холивудскиот заводник Том Харди, ќе го толкува ликот на Кејт Мидлтон, а британската публика имала многу забелешки на овој избор на режисерот.

Имено, бројни критичари утврдиле дека сопругата на холивудскиот заводник нималку не личи на војводката, а некои отишле и чекор подалеку па прогнозирале неуспех на филмот. И додека некои се прашуваат која е воопшто Шарлота Рајли, актерката наголемо почнала да ги снима своите сцени.

– Да се глуми некој којшто е реална личност, но за филмот сосема драматизиран, е голем предизвик за секој актер. Кејт Мидлтон е исклучителна жена, и е посебна во контекстот на оваа претстава, а ова е предизвик на којшто многу се радувам – рекла Шарлот.