Број на текстови објавени денес: 0

Британците бараат помилување за последната вештерка ФОТО

vesterka

Благодарение на законот на Тјуринг, Хелен Данкан, која се смета за последната британска вештерка и која во 1944 година е осудена на зтворска казна од девет месеци поради вештерство, би требало конечно да биде помилувана. Хелен на затворска казна е осудена, бидејќи имала визија за потопувањеto на бродот на британската морнарица „ХМС Бархам“, пред несреќата навистина да се случи.

Хелен Данкан живеела во Каландер како домаќинка и мајка на шест деца. Била позната во спиритуалистичките кругови поради нејзините спиритуални способности да комуницира со мртвите, пишува „Дејли мејл“.

Во Портсмут 1941 година одржала спорна сеанса на која наводно открила дали успеала да се „поврзе“ со морнарот кој потонал заедно со бродот „ХМС Бархам“.

„ХМС Бархам“ бил погоден од торпедо во Средоземното море и 800 морнари ги загубиле животите, но веста за тоа се криела од јавноста.

Визијата која Данкан ја имала поради тоа се сметала за закана по националната безбедност и според мислењето на некои воени старешини, би можело да го загрзои исходот на војната.

Хелен била уапсеан и прогласена за предавничка. Таа воедно станала и последната жена во Велика Британија која е осудена поради вештерство, според законот од 1735 година.

Хален Данкан умрела во 1956 година, а законот поради кој поминала девет месеци во затвор, бил укинат во 1951 година.

Денес активистите се борат да биде помилувана постхумно, благодарение на истиот закон којшто го помилува Алан Тјуринг, големиот математичар и човекот којшто ја дешифрираше „Енигмата“.