Број на текстови објавени денес: 18

Бред Пит во Кина, по 20 години од забраната за влез во таа земја

bred-pit5

Американскиот актер Бред Пит во Кина се опојави на промоцијата на својот нов филм „Allied“, 20 години по забраната за влез во таа земја.

Имено, по филмот „Седум години на Тибет“ во кој Бред Пит ја игра главната улога, на холивудскиот актер му бил забранет влез во Кина цели 20 години, бидејќи на кинеската влада наводно не ѝ се допаднал описот на бруталното кинеско владеење во регионот на Хималаите.

На новинарите на прес-конференциајта им било забрането да поставуваат прашања, а водителот поставил низа прашања за романтичниот трилер чиешто дејство се одвива во Втората светска војна.

Филмот „Allied“ првпат ќе биде прикажан на 23 ноември во Кина, САД и во некои европски и азиски земји.