Број на текстови објавени денес: 0

Бред Пит бара заедничко старателство над децата

ffa4d8a24e983a625dc9c3fee6d31126

Според документот, што изминатиот викенд го доставила до судот, во рамките на бракоразводната парница, актерот Бред Пит побарал заедничко стартелство над шестте деца со актерката Анџелина Џоли.

Тоа е официјалниот одговор на Пит на барањето ан Џоли за завод на бракот , што тааго поднесе на 20-ти септември, кога бараше и да добие исклучиво старателство над децата , со право на Пит да ги псоетува. Пит и Џоли постигнаа привремена спогодба за старателство , според која тој може да ги посетува децата додека трае истрагата на социјалние служби поради караницата за време на приватниот лет , кога актерот патувал со семејството.

Во судскиот документ што го поднел Пит нема нови детали за нивниот развод. Пит ги навел непремостливите разлики и 15 септември, како датум на разделбата, ден по неговата наводна караница со синот Медокс. Анџелина Џоли и Бред Пит се венчаа во 2014 година, а заедно се од 2004 . Двојката има шест деца , на возраст од осум до 15 години, од кои три им се усвоени.