Број на текстови објавени денес: 11

Брачна двојка заедно на функцијата амбасадор

ambasadori2

Како што информира Француската амбасада во Загреб, тие двајцата се заедно акредитирани во Република Хрватска, а акредитивите и ги предале пред неколку дена на хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ.

„Претседателката го поздравила двојното именување, симбол на модернизација на нашата администрација“, навела амбасадата во соопштението.

Сопругот и сопругата ќе се менуваат на функцијата на секои шест месеци, а најпрво должноста ќе ја преземе сопругата Корин. Според пишувањето на медиумите, ова е прв ваков случај во француската дипломатија. Слична пракса веќе постои во Канада и во Велика Британија.