Број на текстови објавени денес: 49

Бранители во Хрватска бараат забрана за настапите на Шербеџија

3mvktkqturbxy8xywq2ngmynte1m2rkzjdjmtzhmjfmmjk4ndq4mgewnc5qcgvnk5uczqmuamldlqlnadyawsovb9kyl3b1bhnjbxmvturbxy8xzdc0y2i0mtcwntk1mdqznjyyownhymq2mdzmntbmni5wbmchwga

Повеќе хрватски здруженија на бранители побараа од Министерството за внатрешни работи забрана за настап и активности на актерот Раде Шербеџија во Хрватска на најмалку пет години, пишува српски „Блиц“.

Во памфлетот потпишан од тие здруженија, пишува дека забраната се бара поради сериозно загрозување на безбедноста со предизвикани од револтот на бранителите и нивнитездруженија испровоцирани од јавните настапи на Шербеџија.

Во памфлетот потписниците бараат од Државното обвинителство на Хрватска покренување кривична постапка со изрекување забрана за негова јавна активностна подрачјето на Хрватска во подолг период (најмалку пет години).

Од концертната сала „Лисински“ се бара да биде симнат од програмата Шербеџија поради, како што се наведува „безбедносни причини“. Се напоменува дека Шербеџија грубо ги посрамотил хрватските генерали и бранители од татковинската војна и Хрватска, објави порталот „Индекс“.