Број на текстови објавени денес: 0

Бракот како параван: Доли Партон е во лезбијска врска со најдобрата пријателка?

dolly-parton-feature-image-793x526

Дури 50 години долгиот брак на Доли Партон и Карл Дин е само параван за нејзината лезбијска романса со Џуди Огле, пријателка од детството, пишува Роберт Рандолф во својата нова книга „Лекарите до ѕвездите“ (Doctors to the Stars) кој навлегува во животот на 70-годишната кралица на кантри музиката за која со години се шпекулира дека е лезбијка, а дека тоа се обидува да го прекрие.

Рандолф тврди дека за врската на Доли и Огле пред својата смрт проговорил доктор Арнолд Клејн кого Доли и Огле заедно го посетувале, и како Арнолд тврдел, дека нималку не ја криеле својата љубов една кон друга.

Но, тој бил уверен и дека Доли такво нешто никогаш не би признала, бидејќи се плаши дека на тој начин од себе би ги оддалечила бројни фанови.

– Својата кариера ја сака повеќе од својата девојка па признавањето едноставно не е опција. Смета дека е срамота што го лажела целиот свет за својот лажен брак – тврдел Клејн.

Доли и Ден се во брак од 1966 година, но двојката во јавноста се појавува ретко заедно иако оваа година прославиле 50-годишнина од бракот.

„За својата геј ориентација Доли е отворена со своите пријатели, но не и со своите обожаватели“, пишува во книгата.

Доли Партон ги негира шпекулациите дека е лезбијка иако признава дека со Огле е многу блиска и дека спијат заедно во креветот, но затоа што се најдобри пријателки уште од трето година средно.