Број на текстови објавени денес: 70

Бошкоски: Јавноста ќе биде шокирана од вистината за случајот „Кампања“

20121211
Tuesday
1111
lube boskovski
ljube boskovski
boshkovski
brat lube ljube

Јас верував во Никола Груевски и мислев дека ќе може да и помогне на економијата во земјава. Нашиот проблем дојде кога тој беше јасен да не одам по Општинските комитети на партијата и може почувствува дека може да сум му конкуренција за партиската функција. Јас такви намери немав ниту немам,изјави лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски кој гостуваше во Топ тема на Телма.

– И јас не сум задоволен што Никола Груевски владее со земјава. Молкот се институционира во земјава. Во Македонија замолкнаа сите. За ниту едно прашање во земјава немаме утврдено црвена линија – нагласи Бошкоски.

Тој нагласи дека за овие 10 години колку што тој е на македонската политичка сцена е докажано дека никој не можел него да го купи, притоа нагласувајќи дека земјава конечно добила добар тандем во политиката, односно тандемот Георгиевски-Бошкоски.

Бошкоски нагласи дека никогаш нема да заборави или прости за тоа што му било наместено во акцијата на МВР кога во 2011 година беше уапсен во Скопје. Оцени дека деведесет и девет проценти од телефонскиот разговорот кој го воделе познати лица по неговото апсење е автентичен.

– Јавноста ќе биде шокирана од вистината за случајот „Кампања“. Сега друг има немирен сон, јас бев затвореник. Прогонителите сега се прогонуваат – оцени Бошкоски.