Број на текстови објавени денес: 0

Бочварски: Во Штип бираме меѓу подржувачи на криминал и оние кои ќе ги вратат парите

%d0%b1%d0%be%d1%87%d0%b2%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b82

Ајде сега да видам чиј бастион е Штип. Штип вечерва покажува дека е бастион на животот, на слободата , на промените. Власта на ВМРО-ДОМНЕ се обиде да направи пашалак, без работ. ВМРО-ДПМНе покажа дека сзане да владее само со закани во Штип. Ги повикувам градоначалникот и сите директори да не ви падне на памет да им се заканувате на граѓаните во Штип. За тоа има казна до 5 години-рече Благој Бочварски кандидат за пратеник на митингот на СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ вечерва во Штип

Тој вети дека по 11 декември никој нема да ве присилува да одите по митинзи.

– Во Штип избираме меѓу повржувачите на криминалот и корупцијата и новите луѓе кои ќе ги вратат парите на оние кои крадеа.

Тој праша зошто во Штип се уште нема гас, зошто не е реконструиран две години патот кон Штип, кон Радовиш и Кочани.

– Освен провизиите што ги направивте со кинезите , што друго градевте во Штип? Праша Бочварски.

Тој направи споредба колку пари се потрошемни за Скопје 2014 кои требало да бидат потрошени за други нешта.Вети гасификација на Штип, повисоки плати за текстилните работници, помало работно време за постарите работници и нема да се зголемува старосната граница за пензионирање, ќе се вратат младите во земјата…