Број на текстови објавени денес: 2

Борис Џонсон не смее да доаѓа на работа со велосипед

boris2

Весникот Дејли мејл пренесува дека на Џонсон му е забрането да вози велосипед поради стравот дека би можел да биде многи лесна мета за терористите.

Министерот за надворешни работи на Велика Британија, кој наводно се преселил од областа Излингтон во Источен Лондон во куќа во близина на Бакингемската палата, е познат како љубител на велосипедите и поборник на идејата дека тие ќе го спасат Лондон од сообраќајниот метеж. Меѓутоа, од полицијата го предупредиле дека ваквиот вид движење низ градот за него е опасно, со оглед на функцијата што во моментов ја извршува. Додека беше градоначалник на Лондон, Џонсон на работа редовно доаѓаше со велосипед, а го користел и за одење на деловни состаноци. На неговата иницијатива, во градот почнаа да се обележуваат посебни ленти за велосипедистите, иако со тоа беше намален просторот на сообраќајниците наменети за автомобилите.

Според зборовите на еден пријател на Џонсон, полицискаото предупредување не го израдувало многу министерот и смета дека ваквата одлука многу го иритира.Медиумите пренесуваат дека Џонсон, дури и по именувањето на местото прв човек на британскиот Форин Офис не се откажал од велосипедот на кој често е забележан низ лондонскиоте улици. Последен пат на велоспипед е виден во понеделникот.