Број на текстови објавени денес: 86

Борисов најави оставка

h_53116473

Ја признаваме волјата на граѓаните и им честитаме на тие што добија мнозинство гласови, рече Борисов чиј кандидат претрпе тежок пораз од социјалистите. Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека ќе поднесе оставка откако првичните резултати од претседателските избори покажаа дека неговата партија ГЕРБ претрпе тежок пораз.

Првите резултати покажуваат дека генералот Румен Радев, 53 годишен шеф на бугарските воени сили добил 58 отсто од гласовите. Тој иако непартиски, на овие избори беше кандидат на опозициската Социјалистичка партија

Цецка Цачева, 58 годишен адвокат и член на Борисовата центро-десничарска партија освоила околу 36 проценти од гласовите.