Број на текстови објавени денес: 60

Болест за која сите молчат: 3 работи кои мора да ги знаете за хемороидите

72121257582dccc35a23d346805723_w640

Хемороидите се болест на отечените крвни садови во и околу анусот и долниот дел на ректумот, кои се проширени под притисокот.

Најчеста причина за добивање на оваа непријатна болест е напрегнувањето кај покренувањето на цревата, а се појавува поради бременост, стареење, поради генетика, хроничен запек, дијареа, долготрајно седење и анални инфекции.

Бидејќи се наоѓаат на ова место, на луѓето им е непријатно да зборуваат за хемороидите, но и да постават прашање кај лекарот.

Затоа, стручњаците предупредуваат на најважните работи коишто мора да ги знаете за ова заболување:

Симптоми

Најчестите симптоми на хемороидите се ненајдена болка и крвавење при празнење на цревата. Се манифестира и со непријатно чувство, чувство на полност или чешање во регијата на анусот.

Можат да бидат надворешни или внатрешни. Внатрешните настануваат во близина на почетокот на аналниот канал, а надворешните на аналниот отвор.

Хемороидите треба да се лекуваат

Хемороидите главно мора да се лекуваат, но ретко кој сака да ја признае оваа болест и да се јави кај лекар. Поради тоа не е познато колку личности, всушност, страдаат од оваа болест, а се претпоставува дека тоа е секоја втора личност постара од 50 години. Оваа непријатна појава ја решава терапијата со топла купка, специјализирани кремови, но и со консумиција на храна богата со прехранбени влакна за столицата да биде со оптимална цврстина и редовна. Кога тоа не може да помогне, потребен е хируршки зафат.

Можат да се спречат со исхрана

Симптомите на болеста со лекувањето исчезнуват за неколку дена, но лицата склони на оваа појава секако би требало поквалитетно да се хранат. Најчесто се препорачува исхрана богата со прехранбени влакна како што се повеќе овошје и зеленчук, како и житарки од цело зрно. Покрај тоа, треба да се пијат повеќе течности и да се занимаваат со редовно вежбање.